На почетокот го возобновиме театарот „Скрб и утеха“ 1988 година. Првиот театар „Скрб и утеха“ на Војдан Поп Георгиев Чернодрински, на 13.05.1901 во Софија, во салонот „Славјанска беседа“ ја дал премиерата на претставата „Македонска крвава свадба“.
Театарот „Скрб и утеха“ отвори многу забранети македонски теми и играше претстави на целиот Македонски полуостров. За жал и денес е под цензура поради македонската определба. Осум години театарот не добива средства за премиера од сегашната власт . (2023)
Од театарот произлезе и едицијата „Лицеум“, денес преименувана во „Крвта Исусова“ со издадени 48 книги, (2023 год.) авторски книги,преводи и др.
Потоа се создаде и филмската продукција „Свети Дух“ која има преку 1300 снимени матријали, документарни филмови, театарски претстави, манифестации, средби, патеписи, интервјуа…
Театарот ја држеше манифестацијата „Армакедонски слави“која дојде до 30 изведби. Потоа поради цензура средбите на се одржуваат. На тие средби доаѓаа Македонците од целиот Македнски полуостров и пошироко.
Денес најактивна е продукцијата “Свети Дух“…